За Нас

Зад секоја услуга на пазарот е напорната работа на нашиот професионален тим. Со ова ние гарантираме високо квалитена услуга.

RoloMax Skopje

Компанијата RoloMax Skopje е во приватна сопственост и e основана во 2017 год. Компанијата е со седиште во индустриската зона Визбегово, Скопје.

Основна цел на компанијата е да обезбеди сигурност и безбедност во домот, одлична звучна и термичка изорација и да одезбеди подобар визуелен изглед по желба на клиентот, а со тоа и зголемено задоволство на потрошувачот.

Наши клучни потрошувачи се клиенти кои имаат потреба од производи изработени со високо квалитетени материјали кои се тестирани и докажани, клиенти кои имаат потреба од изработка на производи по однапред земени димензии со боја и дизајн по желба и нарачка изработени посебно за нив со кој би ги задоволиле барањата и очекувањата на потрошувачот.

Основна дејност на компанијата е производство и монтажа на:

  • Плисе Комарници, Фиксни Комарници,
  • Роло Комарници
  • Двокрилни Плисе Комарници,
  • Комарник Врата
  • ПВЦ Ролетни и Алумински Ролетни со Далински Или Прекидач
  • Венецианки, Зебра и Мини Зебра Завеси

Како дополнување на програмата на надворешна столарија, нудиме комарници кои се поставуваат во вид на мрежа на прозорците и вратите во вашата куќа. На тој начин се овозможува непрекинат влез и циркулација на воздухот и спречување на влез на инсекти. Можат да се монтираат на сите видови ПВЦ и Алуминиумски столарии.

По поставувањето на комарниците прозорците или вратите може непрекинато да се отвараат или затвараат. Рамката на комарникот се изработува од алуминиум, а мрежата од стаклени влакна, односно фиберглас. Фибергласот има голема опторност на надворешни влијанија, со што се зголемува векот на траење. Овие комарници обезбедуваат стопостотна ефикасност во спречување на влез на инсекти, овозможува одлична видливост и не се смалува количеството на светлина во просториите.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

}

Понеделник – Сабота
09:00 – 19:00 

СЛЕДЕТЕ НЕ….

[instagram-feed]
[custom-facebook-feed feed=1]